речник контакт

Иванковчани бараа наместо дел да се бетонира цела улица, локалната власт ја повлече механизацијата

Ако жителите не дозволат да се работи улицата Даме Груев, ќе се работи друга во друго населено место -порача градоначалникот

Петар Печков

Жителите на село Иванковци, на улицата Даме Груев денес  не дозволија да почне цементирањето на истата. Тие беа незадоволни оти наместо цела улица ќе се бетонира еден дел.Не дозволија на механизацијата да започне со работа.

Или ќе се работи цела во должина од 300 метри или нема да дозволиме воопшто да се работи. Зошто само стотина метри, нека се бетонира целосно. Останатите колку време ќе чекаме да се заврши целата улица, догодина - велат жителите кои застанаа пред машините. 

За проблемот беше запознаен градоначалникот кој на редовната петочна прес конференција  даде одговор за  реакцијата на дел од  жителите од село Иванковци.  

Одлучив механизација на градежната фирма која работи да се повлече, бидејќи ова е нивен втор неуспешен обид да почнат со работа.    Општината нема да прифати вакви уцени и ултиматуми. Работиме според програми и Буџет донесен од Советот. Со програмата е предвидено да се бетонира дел до улицата. мене ми е жал за оваа ситуација. Очекувам дека ова ќе се надмине во продолжението до годината, ако не  со тие средства ќе се рабопти друга улица  во друго место - порача Коцевски   

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »