Петар Печков
Објавено: среда, 21 јули 2010
Оваа нивна одлука доаѓа по реакцијата на Државната комисија за спречување на корупцијата, која констатира судирот на интереси кај Прличков и Иванов поради извршување на две функции истовремено, директори во основно односно средно училиште и членови на Совет. За ова таа им изрече мерка јавна опомена а откако истата ја добиле во писмена форма, двајцата советници на СДСМ решија да се посветат само на работата а не на политиката.
Сакаме да го почитуваме законот и затоа се повлекуваме од местото советници и веќе ги доставивме писмените оставки од ДИК, до ОИК, до претседателот на Советот на општината и на Градоначалникот на Велес. Тешко беше да се донесе одлуката, но бидејќи долго време работиме во образование, ценевме дека покорисни ќе бидеме во училиштата и ја одбравме професијата бидејќи добро ја познаваме. Приоритет ни е тоа што досега го работевме да го продолжиме до крајот на мандатот. Ако се почитуваат законите тогаш вака треба да постапат и петмина советници колеги во велешкиот совет од МВРО-ДПМНЕ за кои има судир на интереси – изјави Асен Прличков директор на ОУ Васил Главинов најголемото основно училиште во Македонија со повеќе од две илјади ученици.
Двајцата разрешени советници од СДСМ испратиле писмена претставка до Антикорупциската комисија за работата на петте советници на ВМРО-ДПМНЕ од велешкиот совет, за тие да се изјаснат дела работа на овие советници е чиста и дали има конфликт на интереси. Следни на листата на СДСМ за влез во Советот се Билјана Тевчева Кошинова и Дејан Арсовски.
Tweet |