Петар Печков
Објавено: петок, 28 март 2014
Ѓорѓе Иванов кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ на изборен митинг во Велес ја побара поддршката од граѓаните за втор мандат. Им порача на присутните дека заедно со Владата, Македонија ја приближуваат кон Европа но и Европа ја градат во Македонија. Тоа било преку бројните реформи кои се случуваат а биле резултат на потребите на граѓаните. Кажа дека тој е отворен за соработка и спремен за дијалог со секого.
Дојдов пред велешани со чист образ да ја барам поддршката за втор мандат. Во мојот мандат потрошив многу време, енергија со предизвиците со кои се соочува Македонија. Денес таа се бори за успешна економија, борба за нови работни места, за да можат сите граѓани да го почувствуваат благодатот на животот и да ја планираат тука својата и иднината на своите деца. Пред пет години од ова исто место порачав дека во животот ме воделе три принципи, да бидам вреден, да бидам чесен и да бидам искрен. Денес Ви кажувам дека сум истиот кој беше пред пет години, кој работи чесно, искрено и вредно. Се што беше во мојата програма од пред пет години се е реализирано. Имав 450 средби со странски државници, премиери, претседатели а бев домаќин на 40 на пријателите на Македонија. Бев низ светот но не заборавив и на моите граѓани. Во мојот мандат примив пет илјади граѓани, кои кажуваа каков е животот во земјава и помагав колку можев.. Работевме заедно и посветено со премиерот и министрите како тим за Македонија – изјави Ѓорѓе Иванов барајќи втор мандат од велешани, на митингот кој попладнево се одржа во центарот на градот.
Нему поддршка му даде потпретседателто на Владата Владислав Пешевски, кој рече дека претседателот Иванов е лик на нашата нација, култура и историја.
Иванов е претседател како што беше Никола Карев и Борис Трајковски. Тој има огромни човечки квалитети и бројни дела кои ги има направено во земјава. Затоа заслужува да добие нов мандат – рече Пешевски.
Лидерката на ДОМ пак му даде поддршката на Иванов но побара од него ангажман околу климатските промени.
Иванов се бореше за Македонија и македонската нација и македонскиот идентитет секаде каде одеше. Ги промовираше и позитивните вредности и позитивните процеси што постојат во земјава. Како зелена партија ве обврзуваме да поведете борба со климатските промени во земјава и регионот - рече Лилјана Поповска претседател ан партиајта ДОМ.
платен политички простор
Tweet |