Петар Печков
Објавено: четврток, 12 октомври 2023
Општина Лозово и градоначалникот Бошко Цвтковски, по втор пат организираа атлетски полу маратон. Се трчаше 15 км а учествуваа педесетина атлетичари но и рекреативци. Стартот беше од Лозово се трчаше преку село Милино, Каратманово, Дорфулија и назад, целта беше во Лозово.
Победници се Дарио Ивановски во машка и Андријана Поп Арсова, во женска конкуренција. Втор на 15 километри во машка конкуренција беше Жан Тосев а трет Александар Арсов. Во женска конкуренција, втора беше Теа Божиновска, трета Марија Стојановска. Победниците добија по 12, односно 8 за второ и 6 илјади денари за трето место.
Патеката во должина од 15 км ја истрча и највозрасниот учесник 77 годишниот Санде Стојановски од Лозово, редовен учесник на трки на долги патеки.
Tweet |