речник контакт

Игор Здравковски е новиот претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ за Велес

Здравковски е дипломиран професор по одделенска настава, вработен во ОУ Блаже Конески

Петар Печков

Игор Здравковски е избран за нов претседател на општинскиот комитет на ВМРО - ДПМНЕ во Велес со одлука по распишаниот конкурс на Извршниот Комитет на партијата на која се пријавиле 18 кандидати.

Изборот е извршен од страна на претседателот на ВМРО - ДПМНЕ Христијан Мицковски во согласност со критериумите за избор кој беа наведени во конкурсот. Претходник на Здравковски е Александар Колев актуелен советник и поранешен претседател на советот на општина Велес кој заминува поради истекување на мандатот.

Игор Здравковски е дипломиран професор по одделенска настава на УКИМ, вработен во ООУ Блаже Конески. Претходно има работено 5 години во Центарот за социјална работа во Велес. Тој бил дел од многу здруженија и организации од сверата на образованието, спортот и заштита на животната средина. Како партиски член ги има поминато сите филтри почнувајќи од младинските унии до денес. Член на ВМРО - ДПМНЕ од 2004 година и активно е вклучен во работата на општинскиот комитет во континуитет.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »