Петар Печков
Објавено: среда, 23 септември 2020
Досегашниот претседател Игор Здравковски доби нов мандат да ја раководи ВМРО-ДПМНЕ во Велес.
Денес во партиско соопштение пишува дека Здравковски е резибран, поточно му е продолжен мандатот за четири години,поради добрите резултати постигнати изминатиот период од две години откако е претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Велес.
Тој е член и на републичкото собрание, откако на летово одржаните предвремени парламентари избори беше избран за нов член на Собранието од Изборната единица 3.
Tweet |