Петар Печков
Објавено: вторник, 03 јануари 2017
Членот на клубот з а мал фудбал Велес, Игор Леовски ( 23 год) е спортист на Велес за 2016-та година. Екипа на годината е токму футсал клубот Велес. Ова е изборот на Сојузот на спортови на Велес.
Не очекував дека токму јас ќе бидам спортист на градот, бидејќи има големи спортски имиња. Но се радувам што признанието го добив, тоа е обврска за понатаму. Годинава за прв пат во футсал лигата имаме конкуренција , не е само мојот клуб на врвот, тука е екипата на Шкупи. Очекувам дека на крајот сепак ќе се радуваме на титулата првак на Македонија. Наградата ми е голем мотив за да продолжам со добри игри – рече Леовски.
Тој неодамна беше прогласен од страна на ФФМ за најдобар футсал играч на Македонија. Футсал започна да игра на 15 годишна возраст во екипата на Велес, премина во Црна река па во Железарец и од есенва пак во матичниот клуб. Тој е репрезентативец на футсал селекцијата на Македонија.
На листата до десетте најдобри спортист по Леовски се најдоа: 2- кајакарот Борче Мирчевски ККК Бабуна, 3- Љубомир Спасиќ ККК Гемиџии, 4- Христијан Ванчевски МВК Велес, 5- Кире Димовски голман во ГРК Борец, 6- Благој Левков – ФК Борец 1919, 7- Драган Ванов мотоциклист – МК Велес, 8- Стевче Илиевски фудбалер на ФК Превалец, 9- Дејан Димовски одбојкар на ГОК Борец, 10- спортски риболовец Славко казаков СРД Кркушка. Екипи второ место. ГРК Борец 3-то место ККК Вардар.
На манифестацијата беа прогласени повеќе категории. Така наградени беа и 13 талентирани младинци: стрелаштво Стефанија Андовска, кајакар Христијан Игнатов, ракометар Антонио Јаневски, велосипедист Јован Настов, одбојкар Филип Ајдаров, кајакар Енис Небиоски, одбојкарка Марија Богоевска, борач Кадир Камбери, фудбалер Сашко Кочов, кошаркар Стефан Митрев, мотоциклист Самид Бишевац, стрелаштво Ненад Антиќ и велосипедист Виктор Ванчевски.
Екипи во младинска категорија беа нагреени: Карат клуб Гладијатор, МВК Велес, ККК Велес. Признанија з а тренери добија: Иван Божовиќ од КМФ Велес и в о младинска категорија Кристијан Николов од МВК Велес .
Признание доби и меѓународниот карате судија Раде Стефановски, додека пак за спортски работник Иле Чуповски од МВК Велес. Постхумно признанија за развој на велешкиот спорт добија фудбалерот Трајче Манасков и кошаркарот Јован Наќинов.
Признанија за посебни достигнувања добија Тодорче Георгиев од СПД Чеплес и Небојша Саздов од фитнес клуб Атлета. Признанија за 60 години на Одбојкарскиот клуб доби ,,Борец,, и за 55 години боречкиот клуб ,,Борец,, како и домаќинот на ГРК Борец Трајче Начаров а за спортска манифестација стрелечкиот клуб Велес.
Признанија имаше и за спортските педагози Петре Жабев професор по физичко воспитување во ОУ Блаже Конески и Татјана Арсовска професор по физичко воспитување во ОУ Васил Главинов, кое беше прогласено за најдобро училиште во општината. Манифестацијата финансиски беше поддржана од Општина Велес.
Tweet |