Петар Печков
Објавено: четврток, 26 декември 2019
Човекот што умее да се изрази себе си преку стихови и длабокоумни мисли, човекот што се чини без напор ги освојува планините и се грижи за секое дрвце и за секоја зелена оаза во градот, беше првиот на браникот на здравјето и животот на велешани. Игор Смилев, граѓански активист, неуморен борец за чиста животна средина, човекот кој издржа притисоци, тужби, закани, човекот кој се надмина себе си е гордост на Велес.
Секогаш умерен и скромен, полн со мудрост во секоја реченица, Смилев е човечка скапоценост што би ја посакал секој град. Како претседател на ЕГ „Грин Пауер“ Смилев со секој свој потег неуморно го повторуваше громогласното НЕ за топилницата и загадувањето со тешки метали.
И не престана тука, продолжи со битките за својот Велес, но и за многу други градови на најдобар можен начин преку досетливост, мудри пораки за сите генерации и низа проекти и активности насочени кон неговиот сон: да ги види Велес и Македонија како убав и здрав животен простор за сите граѓани. Велес е среќен град што го има својот голем херој во руво на скромност, посветеност и длабочина.
Наместо благодарам од сите генерации на спасени животи, од секое спасено дрвце, секое катче зеленило, на нашиот сограѓанин неповторливиот Игор Смилев Општина Велес му ја додели награда најуспешен граѓански активист на Велес.
Tweet |