Петар Печков
Објавено: среда, 19 јули 2023
Идентификуван е напаѓачот на снимателот на ТВ 24, велешанецот Иван Камчев. Инцидентот се случи вчера, вторник, кога тој снимал инсерти од сообраќајна несреќа, која е случена во Росоман. При нападот лицето ja удрило камерата и оштетило.
„На 19.07.2023 година полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Љ.Р (43 год) од Росоман. Тој на 18.07.2023 година на излезот од Росоман, агресивно се однесувал кон новинар на телевизиската екипа кој снимал инсерти од сообраќајна незгода, а потоа и ја оштетил неговата камера. Лицето е приведено во полициската станица во Кавадарци и по целосно документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок“ - информира Ристе Самарџиев, портпарол нa СВР Велес.
Здружението на новинари на Македонија по вчерашниот инцидент побара сеопфатна истрага а го осуди и Агенција за аудиовизуелни медиумски услуги.
Tweet |