Петар Печков
Објавено: понеделник, 15 јануари 2024
Идентификувано е човечкото тело, кој пред десетина дена на 6 јануари беше пронајдено кај Филтерна. Станува збор за лицето Никола Попов (66 год) од Велес, кај познаниците и пријателите познат како Бибата.
Тој беше пријавен за исчезнат на 19 јули минатата година. По извршеното препознавање по облеката, а со ДНК трагите од членови на неговото семејство, било потврдено дека пронајдениот е Попов.
Телото од Судска медицина било предадено на семејството за погреб.
Tweet |