Петар Печков
Објавено: недела, 15 март 2015
Во саботата ноќта двајца штитеници на Воспитно- поправниот дом Тетово, отворено одделение Велес им побегнале на службениците.
Е.М (17 год) и (А.М. 16 год) двајцата од Скопје, во текот на вечерта се пожалиле дека имаат здравствени проблеми па биле префрлени на контрола во велешката Општа Болница.
Откако биле вратени од преглед во дворот на малолетничките затвор во Горно Оризари, успеале на излегување од службеното возило марка ,,голф,, да истрчаат и избегаат.
Според МВР двајцата малолетни штитеници, успеале да побегнат иако имале лисици на рацете. Бегството се случило во еден часот по полноќ. МВР соопштува дека се преземаат мерки за пронаоѓње на бегалците.
Tweet |