Петар Печков
Објавено: петок, 04 мај 2018
Новиот општински комитет на ВМРО ДПМНЕ Велес вчера е избран од страна на Извршниот Комитет на партијата по предлог на претседателот на општинскиот комитет во Велес Игор Здравковски. Тој со изборот за прететседател доби и мандат за составување на Општинскиот комитет кој брои 36 членови.
Во него има многу нови лица кој пред се се млади но и доволно искусни и препознатливи со своите досегашни активности. Составот е освежен и најразличен по структура и образование на членовите. Нивна цел ќе биде да бидат коректор на работењето на локалната и централната власт и да ја вратат партијата на старите победнички патеки- велат од партијата.
Покрај претседателот Игор Здравковски, во ОК влегуваат и: потпретседателите Александар Бузалков и Кирил Лазов , секретар е Дејан Палашев.
Членови се Александар Јамалов, Зорица Цветковска, Каролина Попова, Живе Катранџиев, Саздо Трајковски, Нада Трајкова, Илија Димовски, Менче Андреева, Селма Амедовска, Петар Темелков, Наташа Јанушева, Зоран Јаневски, Елизабета Митревска, Родна Јорданова, Даниел Јаневски, Бобан Пановски, Славица Трајкова, Благој Ангеловски, Елизабета Благодовска, Рамо Биберовиќ, Катерина Стојкова, Венко Зафиров, Ване Маневски, Игор Стојанов, Славче Радевски, Марко Колев, Александра Анастасовска, Горан Стојанов, Снежана Бошевска, Панче Јанев, Благој Папазов и Милан Ристов.
Tweet |