Петар Печков
Објавено: среда, 18 февруари 2015
Откако минатата пролет на екс претседателот на судот во Велес Јордан Лазаров, му беше подметнат пожар во автомобилот, ноќеска се издупени гумите на возилото. И тоа повторно пред семејната куќа на улица Славко Ѓоргиев Сватот.
Беше околу полноќ, кога синот слушна некои чудни звуци, еднаш, два пати и трет пат. Тогаш излеговме и видовме дека некој избега од кај автомобилот. Во темнината не го препознавме а малку требаше да го фатиме на дело. Потоа констатиравме дека ги дупнал гумите со нож. Бидејќи излеговме четвртата гума, задна десно не успеа - вели Лазаров.
Тој остава на полицијата да го најде сторителот, како на ова дело, така и за опожарениот автомобил од пред една година. Не може да каже кој има мотив за вакво нешто. Од полицијата го потврдија настанот, но тој не бил единствениот со слични последици, издупени гуми во текот на ноќта во градот.
На 18 февруари во СВР Велес пријавени се две дела ,,оштетување на туѓи предмети,, на две возила со велешки регистарски таблички и двата се од непознати сторители. Во првиот случај на исечени се три гуми на автомобил марка форд фиеста, сопственост на Ј.Л. Во вториот случај пробушени се четири гуми од товарно возило фолсваген кеди, со велешки регистарски таблички сопственост на М.Д. ( 65 год) паркирано на улица Лазо Османов - изјавија од СВР Велес. Тие преземале мерки за расветлување на двата случаи.
Tweet |