Петар Печков
Објавено: четврток, 14 февруари 2013
Во организација на Сојуз на извидници на Македонија и извиднички одред “Димитар Влахов“ од Велес се одржа првата тркалезна маса со млади, со цел да се идентификуваат потребите на младите од Велес. На тркалезната маса учество земаа 25 извидници и млади од Велес на возраст од 14 до 18 години.
Идентификацијата на потребите на младите си изврши преку методите кои се користат во неформално образование,работа во мали групи и тимска работа. На настанот младите зборува за нивните потреби, а воедно и работеа на заедно (вмрежување) и изнаоѓање на решенија и создавање на чекори за да се надминат заедничките проблеми и да се остварат своите потреби.
Потоа во Младинскиот парк во Велес се организираше отворен штанд каде што беше поставен мерач на демократија, промотивен материјал преку кои се подига јавната свест на младите и сите можности за поттикнување на врежувањето на младите во Република Македонија.
Tweet |