Петар Печков
Објавено: сабота, 25 февруари 2023
По повод Светскиот ден на извидништвото и јубилејот 70-години Извиднички одред Димитар Влахов, во просториите на велешка библиотека, во Младинскиот центар се одржа крводарителска акција.
Во период од 4 часа, од 10 до 14ч. крв дарувале вкупно 46 лица, тројца од нив за прв пат.
Акцијата заеднички ја реализираа Општинска организација на Црвен крст Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, заедно со Извидничкиот одред Димитар Влахов.
Tweet |