Петар Печков
Објавено: вторник, 10 декември 2024
Во подрачната единица на Управата за водење на матични книги (УВМК) Велес, повеќе од два месеци нема изводи за новороденчиња. Родителите толку време не може да добијат потребен документ за натамошна постапка. Затоа пак документи, изводи за венчани и за починати има.
„Бев да го запишам синот, рекоа дека немаат изводи. Ги подигнале и од соседните канцеларии во Чашка, Градско, Богомила и Лозово, и се потрошиле. Не можеа да ми кажат кога ќе добијат“ –вели велешанец , кој требало да го запише во книгата на новороденчиња нивното бебе.
Директорот на Управата вели дека документи има, но не биле дистурибуирани.
„Документи или изводи за новороденчиња има. Од технички и организационен аспект службите не усепале да достават до подрачната единица во Велес. Граѓаните благовремено ќе бидат услужени со изводи“ – кажа директорот Фатон Фазлиу.
И додека тој уверува дека причината е техничка, има информација дека недостигот на обрасците е поради тендерот кој се уште е во тек поради жалбена постапка.
Набргу со доаѓањето на граѓаните кои работат или престојуваат во странство за новогодишните и Божикни празици, се очекува голем прилив на баратели на вакви документи.
Tweet |