речник контакт

Извршена фиторемидијација (деконтаминација на почва од тешки метали) во Велес

Почвата во Велес е енормно загадена со тешки метали, кои преку синџирот на исхрана, растенијата, животните...

Петар Печков

Почвата во Велес е енормно загадена со тешки метали, кои преку синџирот на исхрана, растенијата, животните, доаѓаат во организмот на луѓето.

Оловото, кадмиумот , цинкот се токсични и опасни  по здравјето бидејќи преку градинарските култури се внесуваат кај живите суштества, ова беше речено на прес конференцијата на професорите од Земјоделскиот факултет кои на јавноста и ги презентираа податоците од првата извршена фиторемидијација (деконтаминација на почва од тешки метали) во Македонија. Но сепак има надеж бидејќи културите што беа засадени апсорбираа дел од тешките метали.

- Во почвата во градот има неколкукратно зголемена присутност на тешки метали, олово, цинк и кадмиум. Во растворлива, мобилна форма  која растенијата ја апсорбираат, овие метали се присутни во висок процент. Посебно алармантно е високото присуство на кадмиум, кого го има за десет пати повеќе од максимално дозволените вредности (МДК), додека оловото и цинкот се за нешто повеќе присутни од МДК. Македонија нема законски утврдено вакви вредности и работевме според стандардите на ЕУ - изјави проф. Татјана Миткова од Земјоделскиот факултет.

Ова се првични резултати од процесот на фиторемедијација кој се одвиваше на две парцели во градот, во двор на Основно училиште и земјоделско земјиште во близина на Топилницата, која е основен загадувач со овие елементи. За резултатите да бидат реални, испитувањата треба да продолжат и во наредниот период и да се повторат повеќе пати. Во првата година се испитувало присуството само на детелина, иако биле засадени четири култури.

- Немавме среќа со временските услови, па иако засадивме добиточна репа, кељ, бела детелина единствено луцерката успеа да се фати и овие резултати се од неа. Тие покажуваат дека кадмиумот таа го апсорбирала со 50 отсто, оловото со 15 , додека цинкот безмалку комплетно е апсорбиран - изјави проф Татјана Прентовиќ од Земјоделскиот факултет. За неа ова е добра подлога испитувањето да продолжи, но финансиска помош очекува и од државата бидејќи потребни се средства за овој проект, кој тие го реализираат волонтерски заедно со општина Велес и ЕД Вила Зора.

Претседателот на велешките екологисти потсети дека иако Топилницата не работи 4 години, резултатите од нејзиното 30 годишно, неконтролирано работење ќе ги чувствуваме со децении бидејќи овие метали тешко се вадат од земајта.

- Овие резултати покажуваат дека нормални услови за живот во Велес нема. Затоа остро се спротивставуваме на најавениот рестарт на Топилницата. Имаме бројни јавувања и поплаки, велешани се во паника од можното повторно работење на овој загадувач. Деведесет отсто од граѓаните не сакаат таа да работи на постојното место, затоа бараме нејзина дислокација. Во спротивно ќе се судрат сите учесници во продажбата, доверителите со наш отпор доколку донесат ваква одлука - изјави д-р Ненад Коциќ, претседател на ЕД Вила Зора.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »