речник контакт

Изгласан Општинскиот Буџет, кој е во висина од 19 милиони евра

За наредната година предвидени се околу 1,5 милиони евра за реконструкција на улиците и патишта во општината

Петар Печков

Со мнозинство гласови, изгласан е буџетот на Општина Велес за 2023 година. Тој  изнесува 1.164.890.176,00 денари или 19,1 милиони евра. градоначалникот Марко Колев најавува  заедно со Советот на Општина Велес и општинската администрација  негова  реализација, по  сите аспекти од буџетот и програмите, слушајќи ги  идеите и потребите на граѓаните.

„По изминатата турбулентна година, која и покрај сите предизвици ја завршуваме со одлична реализација и бројни реализирани проекти. Во 2023 година продолжуваме со грижа за околината и хигиената, ќе набавиме нова опрема за комуналното претпријатие, а нема да изостане ниту подигнувањето на нови зелени површини во градот. Како и досега, подобрувањето на патната, но и подземната инфраструктура останува клучен аспект во нашето работење, поради што за наредната година има предвидено околу 1,5 милиони евра за реконструкција на улици и патишта во градот, но и во околните села“- кажа Колев.
 
Дел од Буџетот се трансфери и дотации за плати во образованието, културата, противпожарната единица, социјалната заштита.

За опозицијата Буџетот е неприфатлив.

„Освен дотациите и кредитот кои се извесни, се друго во Буџетот е неизвесно. Нема да одиме против овој Буџет, но нема ниту да го поддржиме, ќе бидеме воздржани. Хипотетичкиот елемент кој го има Буџетот,  треба да се увериме дека ќе се реализира а за тоа ќе се увериме со Завршната сметка која ќе ја добиеме во март до година“ - изјави Кирил Гајдов, координатор ан советничката група на СДСМ и коалиционите партнери.  

Елизабета Митревска координатор на ВМРО-ДПМНЕ со пофалби за Буџетот.

„Идеите на граѓаните кои активно се вклучија со предлози,  се вметнати во него. Тој е остварил,  рационален, домаќински, внимателен, работен разумно ставка по ставка, програма по програма“ - кажа Митревска.

И советниците од политичката партија „Левица“ не го поддржаа Буџетот, беа воздржани.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »