речник контакт

Изгоре возило на автопат, близу Стоби

Возилото било сопственост на бугарски државјанин

Петар Печков

Средата, на 27 - ми ноември  околу 14.30 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот Велес - Градско се запалило возило.

Тоа се случило  на околу 2 км. пред патарина „Стоби“.

Пожарот е регистриран  во патничко возило, „волво“, со бугарски национални ознаки, управувано од Б.М.(65) од Република  Бугарија,  кое било во движење.

Од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес пожарот бил локализиран, информираа од МВР. Увид извршила екипа од СВР Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »