речник контакт

Изгоре 35 хектари нискостеблеста дабова шума близу Велес

Во гасењето на огнот учествувале и два авиони на Дирекцијата за заштита и спасување

Петар Печков

Пожарот кој зафати дел од ридот  Гроот во околината на  Велес, беше угаснат по 19 часа борба со огнената стихија. При тоа изгореле околу 35 хектари нискостеблеста дабова шума и површини со сува трева.  Бидејќи била зафатена голема површина а ветерот создавал проблеми во гаснењето, на помош биле повикани авионите на  Дирекцијата за  заштита и спасување.

Огнот е регистриран во средата  околу пладне во 14 часот во близина на селото Белештевица и помогнат од ветрот почнал да се шири на северниот дел од ридот Гроот. Од 18 часот попладне започнаа да гаснат и два авиони ,,ер трактор,, кои беа на терен следните 12 часа . Во текот на ноќта имаше две жаришта кои тешко се локализираа. Огнот е ликвидиран во  четвртокот 9 часот наутро по голема борба со огнената стихија  - изјави Златко Арсов заменик на командирот на ППЕ на Велес,  чии екипи биле на терен заедно со вработени од ШС Бабуна од Велес.

Причините за пожарот засега не с е познати.  Ова е втор голем пожар во околината на Велес. На 21 јули кај Отовица изгореа 50 хектари од кои најголем дел зимзелени дрвја.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »