Петар Печков
Објавено: понеделник, 08 декември 2014
Автомобилот на судијката Габриела Гајдова, во саботата вечер изгоре, пред семејната куќа, каде бил паркиран на адреса Ордан Џинот бр.79. Засега не се познати причините за пожарот, дали е инсталацијата или пак огнот е подметнат. За тоа ќе се знае по вештачењето на автомобилот.
Семејството Гајдови кога автомобилот пламнал околу 21 ч., не биле дома. За тоа телефонски ги известиле соседите. Кога дошле виделе дека е целосно уништен, иако пожарникарите дошле и реагирале бргу. Судијката вели дека додека не го добие вештачењето, нема да зборува дали и од кога имала закани по изрфечените пресуди.
Доколку ова е некаква порака до мене, тогаш да кажам јавно дека останувам да работам по законите и прописите и нема да отстапам од ова натаму - рече Гајдова.
Автомобилот марка ,,опел астра,, пред месец дена бил на технички преглед, а купен бил пред пет години. Возен претпладнето а електрониката не покажувала никакви знаци дека има било каков проблеми во инсталациите. Сопругот на судијката Гајдова, Кирил е член на Советот на општина Велес, од редовите на НСДП и има сопствена фирма.
Ова е трет случај оваа година за изгорен автомобил на судија. од Основен суд Велес. На 13-ти а април тогаш тазе пензионираниот екс претседател Ордан Лазаров му изгоре автомобилот ,,форд фиеста,, за кој тој рече дека е од подметнат оган. На 14-ти октомври изгоре и автомобилот ,,фолксваген пасат,, сопственост на судијата Шевфет Адеми. Досега не е утврдено дали причината е подметнат оган или инсталацијата.
И Адеми и Гајдова постапуваат по кривични предмети во Основен суд Велес. Од МВР велат дека работат на откривање на причините на опожарувањето на автомобилот.
Tweet |