речник контакт

Изгоре куќа на Јурија

Причинета е голема материјална штета, но среќна околност е што нема повредени

Петар Печков

Куќа која се на улица „Јовче Чучук“ бр. 67  изгоре до темел.  Причинета е голема материјална штета, но среќна околност е што нема повредени, станарите избегале од домот на време. Пожарот е забележан околу 9,30 ч. а први на помош притекнале соседите. 

Во гаснењето на пожарот беа ангажирани  три противпожарни возила и 15 пожарникари, како и цистерна за вода на ЈКП Дервен која вршеше дистрибуција на вода. Спречивме огнот да се прошири кон околните куќи  - изјави Љупчо Лепидовски, командир на ТППЕ Велес. Пожарот е ликвидиран околу 11ч.

Очевидци велат дек  во куќата имало поголема количина на пластични шишиња,но дали се тие причина за пожарот треба да утврди истрагата од полицијата.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »