Петар Печков
Објавено: недела, 10 април 2011
Според полицијата пожарот е регистриран во неделата 5 часот наутро, во фармата сопственост на велешанецот Живко Лазов ( 77 год) на приодот кон градот, од правец на Штип. Според извршениот увид на СВР Велес изгорени се дваесетина свињи, еден трактор и друга помошна механизација, повеќе стотини лити нафта, додека останатите свињи од фармата се избегани.
Полицијата ќе ја истражува причината за пожарот, во кој материјалната штета според сопствениците е педесетина илјади евра а огнот пожарникарите го гаснеле два часа. Тие велат дека слушнале две експлозии, додека сопствениците семејството Лазови, чиј син Горан е некогашен пратеник во републичкото собрание , тврдат дека огнот е подметнат.
Tweet |