Петар Печков
Објавено: среда, 18 октомври 2023
Вчеравечер , вторник во пожар кој ја зафати магацинската просторија на ЈКП Дервен, изгоре објектот и опремата која беше сместена во него. Дополнително ќе се проценува материјалната штета.
„Вторникот на 17 октомври во 19:22 примена е дојава за настанат пожар во помошни простории на ЈКП ДЕРВЕН, наспроти управната зграда. ТППЕ Велес излезе на лице место со 2 против пожарни возила и шест пожарникари спасители. По пристигнувањето на лице место пожарот е затекнат во развиена фаза од лице место побарано е помош од уште една противпожарна цистерна и еден пожарникар спасител. Со брза интервенција пожарот за брзо е ставен под контрола и целосно ликвидиран“ - соопштија од ТППЕ Велес.
Од Центарот за управување со кризи додаваат дека при пожарот опожарен е простор од околу 200 м2 а огнот е локализиран во 22ч.
Од ЈКП Дервен соопштија дека во зградата се чувала опрема за работа на РЕ Паркови и зеленило, работна облека на вработени. Објектот бил осигурен, инсталацијата била промената пред 10 години а во него немало никаков вид на греење. Истрагата на СВР Велес треба да ги открие причините за пожарот.
Tweet |