lj lkjl
Објавено: петок, 23 јуни 2006
Стопирана е изградбата на Дневниот центар за лекувани зависници од дрога. Дел од граѓаните во Дворови каде треба да работи Центарот, се противат на изградбата. Директорката на центарот за социјална работа Родна Јанчева вели дека помала група граѓани врши притисок врз останатото население да ја стопираат изградбата на центарот. Изговорот на граѓаните вели Јанчева бил дека корисниците на Центарот ќе создаваат проблеми. „Ние се обидовме да им објасниме на жителите, меѓутоа тие не сакаа да слушат и кажаа дека ако ние почнеме да градиме тие ноќе ќе рушат. Поради тоа стопирана е изградбата“ Градоначалникот Аце Коцевски вели дека погрешна е одлуката на граѓаните од Дворови да ја стопираат изградбата. Според него мора да им се помогне на зависниците од дрога . „Мислам дека реакцијата е погрешна, без оглед по кој пат тргнале тие млади луѓе се граѓани на Македонија и треба да им помогнеме. Јас останувам на ставот дека тоа е добра илокација и треба да ги искористиме средствата наменети за градба”. Јанчева вели дека сите услови се исполнети за да проработи центарот. „Има обезбедено средства и за градење и опремување. Формирана е и групата на корисници кои нетрпеливо очекуваат да се отвори овој Дневен Центар”. Парите за изградба на дневниот центар за лекувани зависници од дрога се обезбедени од глобалниот Европски фонд преку Министерството за труд и социјала. Покрај редовната метадонска терапија со проектот предвидено е во дневниот центар да се спроведува и социјална и психолошка терапија. Медицинскиот персонал и раководењето со службата го обезбедува општата болница.
Tweet |