речник контакт

Изградба на кеј во Велес

Општина Велес планира да се задолжи кај светски познати банки со цел изградба на капитални проекти.

Петар Печков

Општина Велес планира да се задолжи кај светски познати банки со цел изградба на капитални проекти. Оваа можност им ја дава Законот за финансирање на Единиците на локалната самоуправа и почетокот на втората фаза од процесот на децентрализација. Започната е јавната расправа со граѓаните на оваа тема а локалната власт планира да гради кеј на реката Вардар.

- Се решивме да предложиме да градиме кеј бидејќи тоа е капитален објект, кој во други услови би се градел со години. Според нашите пресметки овој проект е објективно со најголеми шанси за реализација, централното подрачје би се заштитило од поплави а градот би добил европски лик - најави градоначалникот на Велес, Аце Коцевски.

Освен кеј на реката Вардар во игра биле и изградба на колекторски систем и пречистителна станица, изградба на фабрика за третман на цврст отпад и гасификација на Велес , но тие или ја пречекорувале вредноста до која општината може да се задолжи или пак сеуште нема услови за нивно градење.

Пресметките на локалната власт се дека тие можат да се заборчат во висина до 65 милиони денари, колку што е износот на локалниот буџет од сопствени приходи без трансакции од државата. Кредитот би се исплаќал до 9 години со грејс период од две години и камата од 4,5 отсто.

- Ги исполнуваме условите за задолжување, бидејќи немаме долгови а за нашето финансиско работење имаме позитивни оценки од надлежните служби. Бидејќи сме општина за пример, УСАИД одлучи  да гарантира за 50 отсто од средствата на кредитот. Понудените услови за кредит се од конзорциум на странски банки и многу подобри од оние што ги нудат македонските - вели Коцевски.

Според него конзорциумот го сочинувале две големи државни банки Националната Банка на Грција, Дојче Банк од Германија и две приватни од Израел и од Њујорк-САД.  Тие не побарале хипотека доколку општина Велес се реши кредитот да го користи од  нив.

Годишната рата би била 9,75 милиони денари. За оваа одлука по јавната расправа каде граѓаните ќе го дадат нивниот глас, ќе решава Советот на општината а конечното мислење е на Министерството за финансии и Владата на Република Македонија.

Општина Велес веќе остварила контакт со Министе?ството за финансии кое ги побарало условите кои банките ги нудат за да го одобрат кредит. Со подигнатиот кредит од  еден милион евра, би се изградил кеј на двете страни од реката Вардар, во центарот на градот во вкупна должина од 700 метри. Веќе три години текот на реката во Велес е регулиран со кеј  во должина од 150 метри.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »