речник контакт

Изградбата на кејот од десната страна ќе започне штом ќе стабилизира нивото на реката Вардар

Кејот кој треба да се гради во должина од 200 м. од мост Гемиџии па до Мало мовче

Петар Печков

Изградбата на кејот на реката Вардар, од нејзината десна страна ќе продолжи штом ќе се стабилизира нивото на реката Вардар. Ова го најави градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев , на денешна прес конференција на која беше промовиран проектот „Креативни можности во туризмот“ финансиран  од средства  Европската Унија.

„Имавме застој во работите, од  неразбирливи причини од денешна гледна точка. Сите дозволи и документи со кои располагавме  беа потврдени. Сега е проблем, пролетниот водостој на реката Вардар, дождовите кои ги има и го менуваат нивото на реката. Штом се намали нивото, за започна градежните работи. Тие ќе завршат до крајот на годинава. Документацијата со која располага Општина Велес и со која аплицирала и со која е одобрен проектот,  била целосна и во ред.“ - кажа градоначалникот Колев.

Изведувач на работите, избран по пат на јавен повик  е градежната фирма „Делта пром“ од Велес.

Кејот кој треба да се гради  во должина од 200 м. од мост Гемиџии па до Мало мовче, или во целост по  истата должина како што е веќе изградениот на левата страна.  

Изградбата на кејот на реката Вардар во Велес е дел од проектот „Креативни можности во туризмот“ финансиран  од средства на  Европската Унија, за  преку гранична соработка меѓу Грција и Македонија. Тој ги опфаќа градовите Велес и Лерин во Република Грција и со него треба да се развива локалната  економија.

„Целта на проектот е промовирање на туризмот со тоа зголемување на вработеноста. Македонија нема можности за масовен туризам, море и големи скијачки центри  и затоа е добро да се користат алтернативните форми. Затоа основна цел е да се искористи потенцијалот на речните текови и во Велс и во Лерин“- изјави Денис Жерновски, координатор на проектот.

Вкупниот буџет за проектот е 650 илјади евра, од нив за Велес се наменети  430 илјади  а за Лерин 220 илјади евра.  Вообичаените 15 отсто од средства кои се кофинансирање, наместо општината ќе ги плати Министерството за локална самоуправа. Како дел од проектот, на кејот,  ќе се отворат два киосци со занаетчиски производи и сувенири,  дел од традиционалните   велешки занаети. 

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »