Петар Печков
Објавено: понеделник, 22 февруари 2010
Саботажа, ова е коментарот на раководството на ОК Форшпед од Велес откако пред неделниот првенствен натпревар против Македонија Макс од Струмица сите топки им биле дупнати!! Тие биле шокирани кога во просторијата каде ја чуваат опремата ги нашле сите 15 одбојкарски топки, неодамна купени од спонзорот Форшпед од Солун Грција, издишани. Кога ги подигнале можеле да видат дека се дупнати.
- На сите топки иамше убоди од шило, што јасно ја покажува намерата на строрителот да и наштети на екипата и таа не го одигра натпреварот против Македонија Макс од Струмица и истиот службено да го загубиме со 3:0. Затоа сметаме дека ова е класичен пример на саботажа, одмазда од нездоволен поединец, досега невиден на терените во Македонија – велат од ОК Форшпед. Ја одбиваат помислата дека можеби е причина е одмазда кон грчкиот спонзор, бидејќи тој многу корекно се однесувал кон екипaта и девојките.
За нив е чудно што во спортската сала на ОУ Блаже Конески, каде има чуварска служа, а просторијата каде се чува опремата е заклучена, влегол сторител без за тоа да биде приметен а да не се оштети катанецот.Средбата со Македонија Макс велешанки ја добија со убедливи 3:0 со топки кој од дома ги донел тренерот Љупчо Гинов, и на тој начин недозволил средбата да не се одигра а гостинките на ,,зелена маса,, го добијат натпреварот.
Велешани го помнат инцидентот од пред 10-тина години на Градскиот стадион, кога малку требаше да не се одигра првенствен прволигашки натпревар, бидејќи стативите преку ноќ беа офарбани во зелено, како револт од работата на Топилницата. Раководството на ФК Борец тогаш мораше да се растрча в недела попладне да купува боја и ги префрбата рамките на голот, по што натпреварот сепак се одигра.
Tweet |