речник контакт

Излезе од печат јубијелниот број на списанието за култура и уметност „Велес“ кое доби УДК број

Петар Печков

Промовиран е јубилејниот 25 број на списанието „Велес“, кое пишува за Велес  и велешани, роднокрајни теми.  Издавач е Клубот на писатели „Коста Соелв Рацин“. Главен и одговорен уредник е проф.др. Васил Тоциновски.

„Списанијата се најдобриот барометар за секоја национална култура и литература. Велес може да се пофали дека е еден од малкуте градови во Македоанија, кој  има свое списание. На одреден нaчин овој јубилеен број ги донесува постојаните четири рубрики, статии, книгопис, велешки духовен архив, книжевен летопис. Тие се исклучиво посветени на градот, на неговата историја, сегашност, или модерни видувања на културата и книжевноста во иднина. Авторите се од сите страни на светот, но пишуваат за Велес. Радува што за прв пат  има УДК број што значи дека може да живее во врските со светот. Има  29 книжевни прилози, во кој се пишува за традицијата, континуитетот, материјалното и духовно богатство на Велес“- кажа Тоциновски.  Промоцијата се одржа во библиотеката Гоце Делчев.

Во овој број отпечатени се  меѓу друтите текстови за цивилните жртви во Велес и велешко во Прва Светска војна од Вера Гошева, за книжевната критика од велешани во 19 век од Славчо Ковиловски, за историјата на поштенските картички од Виктор Габер и Зоран Стревовски, просветителските прилики во Велес во предвечерието на Прва Светска војна од Силвана Сидеровска Чуповска.

Списанието кое го доби УДК бројот, Универзалната децимална класификација (UDC)  што е меѓународен систем за класификација на библиотеките. Се користи во околу 130 земји низ светот. Се користи во библиографски услуги, центри за документација и библиотеки.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »