речник контакт

Излетаа од автопат единаесет автомобили и завршија во ендек

Сообраќајка на лизгавиот автопат кај клучката за Штип, со единаесет автомобили, повредени нема

Петар Печков

 Претпладнево во терминот од 9 до 9,30 часот единаесет автомобили излетаа од автопатот и завршија во ендек. Сообраќајките се случија на правецот Гевгелија – Велес, кај клучката и надвозникот за Штип. Не станува збор за верижен судир, туку повеќе автомобили кои се и од левата и од десната страна на автопатот во должина од стотина метри. Има причинета материјална штета, еден автомобил е превртен, додека повредени нема. Возачите вината ја препишуваат на лошиот коловоз и ЈП Македонија Пат.

На коловозот имаше дебел слој мраз, се лизгаше, автомобилот не можеше да се контролира. Многу беше лошо. Еве видете сите автомобили завршија во ендек. Не знам зошто Македонија пат до 9 часот не ја исчистила оваа делница, иако местото е осојничаво  - велат возачите од автомобилите.

Патниците  од автомобилите пак ги земаа торбите и  се упатија кон Велес, за  да го продолжат патувањето во правец кон Скопје.  Во овој термин,  делницата од автопатот Гевгелија – Скопје, во должина од стотина метри, беше вон употреба а возачите користеа алтернативни правци. Од СВР Велес кратко соопштија дека ќе се истражуваат причините за несреќата

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »