Петар Печков
Објавено: петок, 05 јануари 2024
Вчера, четврток напладне, на автопатот Градско - Неготино, гевгеличанец излетал од коловозот при што се здобил со тешки телесни повреди. Повеќе детали од информацијата на СВР Велес.
„На 4 јануари во 13.20 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на автопатот Градско - Неготино, кај место викано „Црвени Брегови“, патничко моторно возило „рено меган“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од М.А.(37 год) од село Миравци, гевгелиско, излетало од коловозот“ - соопшти Биљана Ѓаковска портпарол на СВР Велес.
Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата во Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Неготино.
| Tweet |




