Петар Печков
Објавено: понеделник, 04 јуни 2012
Четворица млади од велешките села Иванковци и Мамутчево имале среќа, откако излетале од патот, слетале на пругата а минале со полесни повреди. Според полицијата сообраќајката се случила во неделата ноќта околу 01.30 часот на ул. Димитар Влахов, спроти бензинската пумпа „Лук оил“.
Од непознати причини автомобил марка „Фолсфаген голф“ со скопски регистарски ознаки управуван од А.М.(1991) од село Иванковци излетал од коловозот и слетал на железничката пруга Велес - Штип. По незгодата возачот и сопатниците В.Д.(1992), З.А.(1991) и двајцата од село Мамутчево и Д.Д.(1990) од село Иванковци со возило на брза помош се пренесени во ЈЗУ општа болница Велес - хируршко одделение каде од страна на дежурниот доктор Филип Тодоровски кај сите се констатирани полесни телесни повреди и по укажаната лекарска помош пуштени се на домашно лекување.
Tweet |