Петар Печков
Објавено: сабота, 10 септември 2016
Во Ликовниот салон во Велес, отворена е изложба на гевгелискиот ликовен уметник Драги Хаџи-Николов-Аџи насловена ,,Етно,,. На 26 дела тој ја раскажува македонската приказна, прикажувајќи предмети од етнографското творештво. Тој на своите слики прикажува стари народни ракотворби, древни предмети од минатото, предмети кои биле во употреба во македонската куќа.
Преметите се толку реалистично насликани, како да се повторно оживеани. Стари предмети кои се обложени со патина, што не враќа назад во времето и праќа силна порака а наше е само да уживаме во овие дела – рече Александар Стојановски Мијак, отворајќи ја изложбата. Драган Хаџи Николов дипломирал на ФЛУ - отсек сликарство во Скопје а живее и работи во Гевгелија. Ова е негова втора самостојна изложба во Велес, првата беше пред четири години.
Во моите слики се обидувам да направам синтеза помеѓу македонскиот фолклор и ликовната уметност, помеѓу сакралната уметност и ликовната – рече авторот Драган Хаџи Николов. Изложбата ќе биде отворена наредните десетина дена.
Tweet |