Петар Печков
Објавено: четврток, 20 октомври 2011
Во Ликовниот салон во Велес отворена е изложба ,,Сета таа убавина,, дел од меѓународниот ликовен карван на Тихо Кондев. На неа се претставени 30-тина дела, слики,скулптури, графики, на тема ,,Жената најфината творба на природата,, кои повеќе автори од Македонија и Србија пролетва ги создаваа во Струга.
Се решив првата тема од вториот циклус на овој ликовен карван да биде жената, бидејќи таа е најубавото нешто на природата. За прв пат во карванот имавме и авторка од Германија. Делата се работени во повеќе сликарски техники – изјави авторот Тихо Кондов. Оваа изложба откако ја видоа во Струга и Охрид, ќе биде претставена и во Кавадарци, Куманово и Скопје, но и во Белград, Ниш и Нови Сад, а следната пролет и во Бостон, Детроит и Њујорк. Позната е и темата на која авторите ќе работат за следната година, тоа е ,, Моите најубави соништа,, .
Tweet |