Петар Печков
Објавено: петок, 10 декември 2010
По повод 60 годшнината од завршувањето на Граѓанската војна во Грција, во Ликовниот салон во Велес е отворена изложбата на фотографии и документи насловена ,,Незапретани сеќавања,,.
Најголеми последици и штетит од оваа војна претрпеа македонците со 21 илјада загубен живот и огромни материјални штети. Повеќе од 50 илјади македонци ја доживеаја судбината на прогонети, аселени, откорнати луѓе од сопствениот дом. Тоа е резултат на грчките валсти кои презеле низа административни, политички, правни и терористички мерки за етничко чистење на Егејскиот дел на Македонија. Егзодусот, голготата на повеќе од 20 илјади луѓе во долга непрегледна колона на егејските деца бегалци е предупредување истото никогаш и никаде да не се повтори - изјави Ацо Петров потпретседател на здружението ,,Ѕвезда,, на отварањето на изложбата.
Таа е во организација на Народниот музеј на Велес и Музејот на Македонија а ќе биде отворена до следната среда.
Tweet |