Петар Печков
Објавено: среда, 19 март 2014
Во Ликовниот салон во Велес отворена е меѓународна изложба ,,Мост,, со учество на по 26 автори од Македонија и Турција. Тие се претставуваат со по едно дело, минијатура, работено во различни техники, улје, акрил, графички решенија. Авторите се професори на факултетите и во Македонија и во Турција.
Сите 52 автори се модерни автори со примеси на постмодернизмот. Понудената разноликост е главниот квалитет на изложбата бидејќи таа е приказ на сликарски импулси на сликари, вајари, графичари и архитекти – изјави на отворањето проф. Џемал Бектовиќ историчар на уметноста.
Тој заедно со професорот Фехим Хусковиќ од ФЛУ од Скопје ја организираат по втор пат, втора година по ред оваа изложба со симболичен наслов ,,Мост,, со што ги зближува авторите од двете земји Македонија и Турција.
Tweet |