речник контакт

Изложба и промовирана книга

Софија, 3 март (МИА) - Во Македонскиот културно-иформативен центар во Софија синоќа беше промовирана книга и отворена изложба на две македонски авторки.

Аница Солева

Пред преполниот салон, на бугарската јавност и се претстави академскиот сликар Тања Медарова - Стојановска со изложбата “Мрежи и хромозоми” која опфаќа 50-тина дела работени во повеќе техники. Нејзината прва самостојна изложба е со дела од неколку циклуси од областа на уметничката фотографија, комбинирани со графичкиот дизајн. Медарова е дипломиран ликовен уметник во класата на Рубенс Корубин, позната како театарски и филмски костимограф и театарски сценограф. За нејзината поставка говореше Новица Трајковски. Синоќа исто така беше претставена и книгата “Молчаливи зидари” од поетесата Сутка Оцедова, новинар во Радио Велес, во издание на “Макавеј”. На бугараски ја препеа Димитар Христов и ја отпечти “Мултипринт”. Книгата ја промовираше Бранко Цветковски. На оваа културна вечер во Софија присуствуваше и македонскиот амбасадор во Софија, Абдурахман Алити, кој обраќајќи се на присутните порача дека на овој начин се рушат и оние малку ѕидови кои останале кај скептиците во обете земји. Извор: [url=www.makemigration.com/a/0LINK/poveke.asp?det=15347]www.makemigration.com[/url]

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »