речник контакт

Изложба на 13 годишниот Стефан Александровски

Со 22 дела во различни техники тој го покажа раскошниот талент

Петар Печков


Во Ликовниот салон отворена е изложба на тринаесетгодишниот Стефан Александровски. Тој пред публиката се претстави со дела копии од врвни светски  мајстори. Меѓу нив  можат да се препознаат репликите на мајсторите на ренесансата, автопортретите на Микеланџело, Бернини, Рембрант,   копии на Св. Јероним, Апостол Филип од Дирер,караваѓовски мртви природи работени во пастел.

Стефан покажува таква прецизност и мајсторство во пренесувањето ан делата, со сигурна рака работејќи со четка и шпакла. Со сигурност можеме да говориме  за неговиот цртеж  дека е прецизен  а илустрација може да послужи портретот на Васил Главинов . Се надевам и очекувам дека тој ќе се развие во врвен академски сликар– рече Елица Николовска кустос од велешкиот Народен музеј.

Извесно е дека Стефан неговиот талент го наследил од татко му Златко, кој е познат  како зограф, изработува фрески и икони. Изложбата десетина дена ќе биде поставена во Ликовниот салон во Велес а пота се сели во Битола.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »