речник контакт

Изложба на Љупчо Бојаров во Велес

На изложбата се претставени 40-тина дела во масло на платно, цртежи, линорез во боја, дрворез, графика изработени од 1985 до 2019 година

Петар Печков

Вчеравечер во Ликовниот салон беше отворена изложба на  академскиот сликар Љупчо Бојаров,  која е превземена од  Музејот на град Скопје. На изложбата се претставени  40-тина дела во масло на платно, цртежи, линорез во боја, дрворез, графика изработени од 1985 до 2019 година.

Она што првично го забележуваме во делата на Бојаров е еден специфичен индивидуален израз,со различно комбинирање на техниките, сублимирање на разновидни сликарски и несликарски материјали во креирањето на финалната уметничка експресија. Во делата во прв план го согледуваме суштинското познавање на авторот на старите цивилизации и нивните симболи,кои ги сублимира во сопствени знаковни системи и нивни кодови. Во сликите најчесто е предадена рано-христијанската симболика, симболи кои на синото небо и небесните води,  имагинарните предели и пејзажи  на делата им додаваат уште една доза на мистичност- кажа Елица Николова историчар на уметноста, која ја отвори изложбата.

Љупчо Бојаров е роден 1959 г. во Скопје. Училиште за применета уметност завршил во Скопје . Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 1984 година. Член е на ДЛУМ од 1984 година. Живее и работи во Скопје. Досега има реализирано повеќе самостојни изложби, а учествувал на поголем број домашни и меѓународни изложби. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »