речник контакт

Изложба на Бранкица Јовановска со „Соочување“ во Ликовен салон

Бранкица Јовановска, визуелен уметник

Петар Печков

Бранкица Јовановска, визуелен уметник, се претставува пред велешката јавност со нејзината изложба „Соочување“. Таа беше отворена вчеравечер во Ликовниот салон во Велес а авторката се преставува со 21 дело, изработени во колаж.

„Можеби темата на делата со кој се претставувам  е малце мрачна. Ги претставува демоните кои  ги имаме во глава и со кои се соочуваме поради одредени трауми  кои сме ги преживеале. Или случки кои ни оставиле лош впечаток, кој бара повеќе борба да се избориме со што сме  доживееле“ - кажа авторката.

Бранкица Јордановска работи и како  костимограф, сценограф  и културен активист. Таа го завршила на Факултетот за ликовни уметности на отсекот за графика во Скопје. Таа е една од основачите на Алтернативниот културен центар „Кула“ кој работеше во периодот од 2014 до 2016 година.  

Изложбата е дел од програмата на Народен музеј, е поддржана од Министерството за култура како Проект од национален интерес за  годинава.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »