Петар Печков
Објавено: среда, 28 декември 2022
Велешката авторка Снежана Лазарова Луна вчеравечер отвори изложба со нејзини дела во Струмица. Изложбата е насловена „Жената и семето на животот“. .Поставени се вкупно 32 дела.
Од поставените дела 14 се изработени со бел и ориз и црн синап, а 18 дела се изработени со четирите семиња на Светлината, Темнината, Сонцето и Љубовта - бел ориз, црн синап, жолто просо и црвено киноа семе. Секоја смрт не е умирање. Смртта е ново раѓање...Фиксираните семиња продолжуваат да живеат во друга форма, преку творештвото По делата ќе ме препознаеш" - кажа на отворањето Лазарова Луна.
Изложбата е поставена во Н У.Ц.К." Антон Панов" и публиката же може да ја види до крајот на јануари.
Tweet |