Петар Печков
Објавено: четврток, 07 септември 2023
Како дел од содржините на второто издание на Фестивалот на џез, ворлд и современа музика вчера вечер во Европската куќа во Велес беше отворена аудио видео фото изложба на Фотини Потамиа од Грција.
„Изложените дела се графики, кои ги користиме за омотниците за нашите изданија. Тоа се музички постери, омоти за музички албуми, лога. Ова се дела, дел од нашата колекција од музичките изданија“ - кажа Потамина.
Со неа на перформансот се претстави и нејзиниот сопруг Дине Донеф, со видео дела, кој тој ги изработува, под уметничкото име Томе Раповина.
Вечерта беше заокружена со музички настап на Бојан Петков Шамба.
Tweet |