Петар Печков
Објавено: сабота, 12 ноември 2011
Здружениеот на граѓани ,,Канаринец,, од Велес е организатор на традиционалната изложба на благородни птици. Таа се одржува секоја година во чест на денот на ослободувањето на градот, почнувајќи од далечната 1974-та година.
Годинава, овој викенд, на 12-ти и 13-ти ноември посетителите можат да видат 150 птици- папагали, егзоти и канаринци.
Тие се дел од вкупно 10-те илјади птици кои тие како членови на Здружението ги чуваат во нивните домови. Птиците се чуваат за натпреварување по пој (песна) и по боја.
Заинтересираните ќе можат да ги видат и в недела, од 8 до 19 часто.
Tweet |