Петар Печков
Објавено: петок, 26 февруари 2016
Во Ликовниот салон, Велес вчеравечер се отвори меѓународна изложба на дела насловена „ Метафори на постоењето“, на ликовни уметници од Македонија и Полска. Емилија и Стојче Тоциновски и од Полска; Олга Лалич- Кравицка, Камил Кравицки, Јанна Смола, Марин Смола и Јакуп Ниеџела. Изложбата е интересна што пред публиката се претставуваат три брачни пара. Интересен концепт на работа кој ги поврзува авторите.
Нашите дела, на мојата сопруга и мене се создадени заеднички. Малку е чудно како тоа двајца автори да работат заедно на едно платно. Тоа е лесно, бидејќи е споено исконското. Така на пејзажите јас ги работам дрвјата таа планините, имаме кохезија во работата. Најубаво е што егото не работи. од скица до крајна реализација се согласуваме , како да почнеме и како да го завршиме делото - вели Стојче Тоциновски, дипломиран вајар,еден од авторите.
Неговата сопруга, која е дел од авторската екипа, додава дека не само во создавањето на уметничките дела, тие се друго во домот го работеле заеднички.
На овој начин се станува едно, се добива сплотеност. И домашните обврски не се поделени, на машка и женска. Тоа го правиме и во сликарството. На сликите не се забележува поделеноста - додаде Емилија Тоциновски која е дипломиран сликар.
Досега таа и сопругот имаат три самостојни изложби а учесници се на десетина ликовни колонии. Делата на Полските автори се фотографија, графика, компјутерска графика, цртежите на македонските автори акрил на платно. Истата изложба била поставена во Скопје во Домот на Градежните работници Ко-Ра.
Tweet |