Петар Печков
Објавено: понеделник, 05 декември 2011
Килимите во Велес е насловот на етнолошката изложба која беше отворена во Ликовниот салон во Велес. Десет килими стари по век и повеќе години, вредни и повеќе стотина евра се прикажана на јавноста во градот. Кај сите преовладува традиционалната црно црна боја.
Ги поставивме овие килими за младите да видат како живееле нашите стари. Ова е национално богатство кое има огромна вредност, бидејќи денес и го нема, скоро килимите не се изработуваат. Се користеле за постилање на подот, помалку за креветите, најчесто со нив се прекривале гостинските одаи. Од зависност на ткајачката, такви биле и шарите,за нивниот изглед нема правило - рече Светлана Ѓоргиевска виш кустос по етнологија во Народниот музеј во Велес, автор на изложбата.
Поголемиот дел од килимите се донација на велешкото семејство Депинови, а дел се откупени. Тие се наоѓаат во спомен куќите на Рацин и Васил Главинов. Килимите се изработувале и користеле се до средината на минатиот век, до 60-тите години, кога ги заменуваат теписите и другите прекривки од индустриското производство.
Tweet |