Петар Печков
Објавено: сабота, 08 октомври 2016
Во Велес се одржа изложба на класични автомобили, која беше дел од програмата на Велешка Питијада 2016. Претставени беа 30-тина возила, од Бугарија и Македонија, сите во возна состојба. Најстарото изложено возило беше од 1951 година ,,мерцедес 170 С,, од Скопје, потоа ,,Опел Олимпија,, од 1952 од Битола.
Има лица кои имаат голема желба за стари класични автомобили, т.н. олдтајмери кои еве за прв пат ги претставуваме во Велес. Изненадени сме од големиот интерес за учество но и на граѓаните за да ги видат. Имаме десетина возила и од велешани, кои прв пат се претставуваат пред своите сограѓани. Некои купуваат стари коли па сега ги реставрираат, обновуваат – рече Борче Мечевски од здружението ,,Кралеви на улиците,, од Велес, кое постои три години.
Вниманието на присутните го привлекоа и ,,шевролет ел камино,, од Бугарија, ,,Линколн Континентал,, пред бргу време увезен од САД, ,,бјуик ривиера,, па ,,вауксел виктор,, од 1960-та кој е со оригинална боја, прв тапацир, не е фарбан, па ,,морган,, рачна изработка реплика на оригинал, изработена за една година пред 6 години. Тој според неговиот сопственик Ацо од Куманово, иако е рачно изработен и со слаб мотор, може да достигне брзина до 150 км/ч.
Tweet |