речник контакт

Изложба на ликовни дела со џез настап на „Фрагменти од несвесното“ во Ликовниот салон во Велес (фото)

Да се направи изложба каде имаме заедничко доживување на слика и звук

Петар Печков

Ликовна изложба со музички настап и џез импровизација му се случи на Велес вчеравечер во Ликовниот салон.

Беше поставена изложба на дела на  четворицата уметници- Никола Пијанманов, Андреј Митевски, Тони Попов и Стефан Младеновски. Изложбата која беше најавена како мултисензорно доживување е именувана „Фрагменти од несвесното – синергија од звук и слика“.  Џез импровизации пред публиката изведоа  Славчо Коцев и Бојан Петков-Шамба. Акцент на настанот беше  несвесното.  

„Секој од авторите твореше и се претстави на свој начин, со свој препознатлив ликовен израз, како што си и работат. Заедничкото беше да се направи изложба каде имаме заедничко доживување на слика и звук. Целта беше да се направат измешани сетилни искуства, во кој публиката можеше да види дела и слушне музика. Авторите сами ги избраа делата од нивното творештво. Заедничко беше несвесното. Идејата  беше по теоријата на Фројд и Југ дека творештвото извира од несвесното. Тоа е една од главните теми на творештвото во 21 век, да се покаже темната страна на човекот, деструкцијата, траумите, емоционалните и психолошки растројства“ – кажа Јасмина Котевска, куратор на изложбата

Пјанманов се претстави со слики и две скулптури, Младеновски  и Попов со слики, Митевски со скулптури изработени во мермер. 

АНКЕТА »

Дали новината, коцкарници, казина да бидат 500 метрa подалеку од училиште, ќе ја намали зависноста од коцкањето кај младите?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »