Петар Печков
Објавено: понеделник, 18 ноември 2019
Во петокот навечер во просторот на македонското друштво ,,Македонија,, во Сплит беше отворена изложба на традиционална македонска народна носија, во современ дизајн. Изложените носии се дело, изработка на велешанката Благородна Донева а изложбата беше во рамките на 28-те Денови на македонската култура во Сплит. На тамошната јавност, Донева и се претстави со 21 носија, 15 женски и шест машки.
Среќна сум што и јас како ракотворец и етно-творец на македонска рачни изработки се преставувам во Хрватска. Ова е можност за нас творците да ја презентираме нашата македонска култура и културно историско наследство и современото творештво, надвор од границите, меѓу Македонците кои живеат во Сплит и Далмација - порача Донева. Ова беше нејзина 21-ва самостојна изложба на нејзини дела -ракотворби.
Tweet |