Петар Печков
Објавено: понеделник, 31 август 2015
Во Ликовниот салон во Велес во тек е изложба на полските ликовни уметници Анета Јазвинска и Грегорш Калиновски. Таа е професорка на факултет за ликовна уметност во Варшава, тој во Лоѓ. Пред велешката јавност се претставуваат со 25 дела, сите пејзажи, работени во акрил и масло на платно. Изложба е насловена едноставно ,,Пејсаж,, 12 дела се на Анета, 13 на Грегорш.
Работевме исклучително пејзажи. Тоа ме фасцинира. Имам дела кои сум го создала при моите посети на одредени земји, Франција, Австралија родната Полска .Тоа ме исполнува - изјави Јазвинска. Таа и нејзиниот колега Грегорш се гости на велешката ликовна колонија ,,Папрадишки мајстори,, каде творат со уште дваесетина други автори. Некои од делата кои тука ќе ги создадат, ќе бидат претставени пред друга публика, во други земји.
Со некои од творбите кои тука ќе ги создадеме, ќе конкурираме на некои изложби, конкурси. Ќе можат да ги видат луѓе од други земји. Од куќата каде работиме имаме единствен поглед на црква, замија, река, пруга, штомногу не вдахнува - рече Калиновски.
На Јазвинска и Калиновски ова им е второ претставување во Македонија. Минатата година имаа своја самостојна изложба во општина Карпош во рамките на тамошното културно лето.
Tweet |