Петар Печков
Објавено: четврток, 21 ноември 2024
Велешанецот Давор Бошкоски отвори изложба на дела работени во пирографија, тоа е уметност на горење на дрво со помош на ајва. Авторот ова хоби го наследил од неговиот татко Петар. На изложбата која е поставена во Европската куќа, се претставува со 44 дела.
„Ми остана од детството таа слика, кога татко ми твореше а и во Македонија нема многу пирографи и влегов во оваа работа. Инспирацијата што ќе работам ми доаѓа навечер, па станувам, запишувам што идеја сум добил и следниот ден започнувам со реализација. Работам нешто помодерно, поактуелно“ – вели авторот Бошкоски.
За да изработи едно дело со просечна големиа му требале 5 до 6 дена. Но и во зависност од тематиката. Половината од создадените дела биле продадени, бидејќи за неговата работа и дела, имало интерес и се барале.
Tweet |